(ВИДЕО) Ременски: Доколку членовите на ДКСК не поднесат итна оставка, ќе биде покрената постапка за нивно разрешување

Од:

Владејачкото мнозинство денеска побара оставки од членовите на Државната комисија за спречување на корупција по објавувањето на ревизорскиот извештај во кој се тврди има незаконско и несовесно трошење на пари од граѓаните.

– Ревизијата на работењето на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) укажува на непочитување и злоупотреба на законските одредби, незаконско и несовесно трошење на парите на граѓаните, токму од страна на комисијата која треба да се грижи за спречување на злоупотребите на правата и обврските на институциите и сите избрани функционери во државата. Членовите на ДКСК веќе немаат професионален и етички кредибилитет да ја извршуваат оваа фунција ниту еден повеќе. Од тие причини доколку членовите на Антикорупциска не поднесат неотповиклива и итна оставка, Собранието како орган надлежен за избор на членовите на оваа комисија ќе покрене постапка за нивно разрешување, изјави потпретседателката на Собранието и пратек од СДСМ Фросина Ташевска Ременски.

Барањето за оставки, како што кажа, е од владејачкото мнозинство односно и од пратениците од СДСМ и од ДУИ.

– Нема да има толеранција на коруптивно и расипничко однесување на ниту една институција и на ниту еден избран функционер во Република Македонија, рече Ташевска Ременски.

Ревизијата утврдила неправилности во делот на начинот на наплата на платата и патните трошоци од страна на членовите на Комисијата, односно наплата на патни трошоци врз основа на фиктивни налози и патни налози и налози кои не соодветствуваат со агендата која ја имала Комисијата и членовите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата