Во Словачка уапсени двајца осомничени за убиството на новинарот Куциак

Од:

Словачката полиција уапси две лица кои планирале да набават оружје и да одат во селото Велка Мача на 23 февруари, и кои се поврзуваат со убиството на новинарот Јан Куциак и неговата вереница, соопшти полициски претставник.

Како што претходно пренесе МИА, полицијата завчера извршила претрес во домовите на лица, кои одамна биле осомничени за трговија со дрога. Претресите биле извршени во близина на селото Велка Мача. Прво беше соопштено дека во операцијата бил уапсен еден осомничен за кој се претпоставува дека е поврзан со убиството. Конфискувани се 160 грама од дрогата перветин, ладно и огнено оружје кои се испратени на балистичка експертиза.

Телата на Јан Куциак и неговата вереница во неделата вечер беа пронајдени во нивниот стан во Велка Мача, а се претпоставува дека бил убиен затоа што истражувал обвинувања за незаконски исплати од фондови на ЕУ преку даночни измами во кои биле вмешани словачки и италијански државјани поврзани со италијанската мафија Ндрангета.

Илјадници луѓе синоќа се собраа во центарот на Братислава за да одржат комеморативен марш во знак на сеќавање на убиениот новинар. Учесниците во протестот носеле свеќи, транспаренти и фотографии од новинарот.

Собирот го организираше опозициската партија Обични луѓе и поминал во тишина. За утре е најавен уште еден протестен марш кој ќе го организираат новинари и граѓански организации.

Би можело да ве интересира

Словачка ја затвора Канцеларијата за врски во Приштина

Дојава за поставена бомба во катедрала во Кошице

Словачка: Дојави за поставени бомби и мини во училиштата и судовите

Горан Наумовски

Лажна дојава за бомба предизвика паника во аеродромските згради во Кошице и Попрад

Горан Наумовски

Одбиено барањето на Унагарија и Словачка за санкциите кон Лукоил

Во Словачка се отворени избирачките места за изборите за Европскиот парламент