Кекеновски: За евроинтеграциите не може да одлучува Бујар Османи

Од:

„Премиерот и Владата на РМ се обидоа да го релативизират кабдахиското и недоговорно однесување на заменик претседателот на Владата, Бујар Османи и образложението за неучеството на Р. Македонија на Конференцијата за Западен Балкан во БиХ (Бања Лука).

Сакам јавно да му порачам на премиерот Зоран Заев и на целата Влада на РМ, дека:

1. Изговорот моја е одлуката или ,,Јас ја донесов одлуката во консултација со министерот на Албанија,, е непочитување на премиерот и девалвација на целата Влада на РМ. Истата покажува, кој е кој во Владата.

2. Политика и процесот на евроинтеграции не може сам да ги води и за нив да одлучува Заменик на претседателот на Владата задолжен за европски прашања

3. Заменик на претседателот на Владата задолжен за европски прашања – управува и го координира оперативниот дел од интеграцискиот процес, при што Секретаријатот за европски прашања обезбедува координација и усогласување на работата на органите на државната управа и другите органи и институции во подготвката на Република Македонија за преговори и членство во Европската унија.

4. Значи Заменик претеседателот на Владата задолжен за европски интеграции НЕ ВОДИ ПОЛИТИКА, туку управува и координира со оперативниот дел од инетграцискиот процес

5. Што правиме доколку на чело на СЕП беше некој заменик премиер од српските партии во РМ и доколку и тој исто како и Османи откажеше учество на важна конференција, само затоа што Република Српска не била поканета на некој настан и притоа се консултира со министерот на Србија, а не со премиерот на РМ? Ќе го одмолчеа ли тоа ДУИ и Бујар Османи?

6. Нели господине премиер на РМ, ќе беше подобро заменик премиерот Бујар Османи на самата конефернција во Бања Лука и министерот на Албанија да говорат за отсуството на солидарност кон Косово, отколку вака евтино да ни продаваат магла, а Вие тоа да го оправдувате и да голтате кнедли?!“, напиша Јове Кекеновски на својот Фејсбук профил.

Би можело да ве интересира

Кекеновски: Свесно по трет пат Мицкоски одработи за победа на СДССМ и ДУИ

Ана Ололовска

„Никогаш северна, само Македонија“ поднесе кривични против Дерковски и членовите на ДИК

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Кекеновски: Мицкоски е столбот на досегашното и идно опстојување на Заев

Ана Ололовска

Кекеновски: Неискрено и лажно подадената рака од политичките елити на Бугарија

Ана Ололовска

Кекеновски: Мицкоски повикува на излезност како Груевски во 2004 година, кога одработи за Црвенковски

Маја Илиевска-Пачемска

Кекеновски: Ахмети е вистинскиот премиер од сенка

Ана Ололовска