А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Високи функционери на НАТО и ЕУ во посета на Македонија

by А1он01/03/2018 - 09:16109
Share0

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев денеска ќе ги прими во посета Помошникот на генералниот секретар на НАТО за политички прашања и безбедносна политика, Амбасадорот Алехандро Алваргонзалес и Мачеј Поповски, Заменик генерален директор за соседска политика и преговори за проширување при Европската комисија, кои ќе престојуваат во дводневна посета на нашата земја.

Следете a1on на Instagram Instagram

Посетата на двајцата високи функционери на НАТО и на ЕУ e од особена важност за препознавањето на домашните реформски процеси што ги спроведува актуелната Влада за интеграција на Република Македонија во Алијансата и за отпочнување на преговорите со ЕУ.

За време на посетата Помошникот на генералниот секретар на НАТО за политички прашања и безбедносна политика, Амбасадорот Алехандро Алваргонзалес и Мачеј Поповски, Заменик генерален директор за соседска политика и преговори за проширување при Европската комисија, ќе се сретнат и со министерот за надворешни работи Никола Димитров, како и со заменик претседателката на Владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска,заменик претседателот на Владата и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерот за правда Билен Саљији.

Високите претставници на НАТО и ЕК во текот на утрешниот ден ќе се сретнат и со претставници на граѓански здруженија во ЕУ Инфо центарот на Делегацијата на Европската Унија во Скопје.

Следете a1on на Youtube YouTube
eunatovlada

Би можело да ве интересира

Москва испрати предупредување: Доколку дојде до конфликт со НАТО, последиците ќе бидат катастрофални

Горан Наумовски19/05/2026 - 14:37

НАТО подготвува удар врз Русија

Горан Наумовски19/05/2026 - 07:0919/05/2026 - 08:10

Филипо: Пресудата против „Еуроклеар“ би можела да ја парализира ЕУ

Горан Наумовски18/05/2026 - 14:31

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ, тој сака власт без контрола и без одговорност

Горан Наумовски15/05/2026 - 08:40

„Њујорк Тајмс“: Трамп нема стратегија за Иран, се бара помош од НАТО

Горан Наумовски13/05/2026 - 14:20

Нови правила за игрите на среќа: Казината 500 метри од училишта, забрана за апарати во обложувалници

Горан Наумовски12/05/2026 - 19:2412/05/2026 - 19:26
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто