Прекината постапката за добивање одобрение за градба за парцелата кај страиот Дом на културата во Тафталиџе 1

Од:

Градоначалникот на општина Карпош Стефан Богоев информира дека денеска им врачил решение за прекин на постапката за добивање одобрение за градба на Социјалистичката партија и Гренадер Дооел Скопје за парцелата во Тафталиџе 1, пред ОУ „Јан Амос Коменски“, чиј сопственик е СП.

Решението, како што кажа на денешната средба со новинарите, е врз основа на член 95 од Законот за општата управна постапка, и се носи додека не заврши предистражната постапка која ја води надлежното обвинителство за парцелата.

Општина Карпош, појасни, добила писмо од надлежно јавно обвинителство за доставување списи за градежната парцела чиј сопственик е Социјалистичката партија на Македонија со кое била побарана целокупната документација, како и претходниот и сегашниот ДУП бидејќи парцелата е дел од предистражна постапка.

Богоев појасни дека по важечкиот ДУП, на местото на стариот Дом на култура има два објекти-лепенки, станбена зграда и хотел со дел за култура во него. Инвеститори се Социјалистичката партија и Гренадер Дооел Скопје, кои во општината имаат процедура за добивање одобрение за градба и кои пред неколку месеци уплатиле и комуналии.

На 20 февруари годинава општината до инвеститорите доставила писмо во кое побарале да им достават жиро-сметка за да се вратат уплатените средства бидејќи за таа недвижност е поведена предистражна постапка пред надлежното обвинителство. На 26 февруари инвеститорите побарале да продолжи постапката и навеле дека за нив е неприфатливо враќањето на уплатените средства.

Би можело да ве интересира

​Ѓорѓиевски: Градoначалниците на Карпош и Струмица ги каниме во понеделник на состанок во ЗЕЛС

(ВИДЕО) Интервју со Јакимовски: Ако до 2030 година не влеземе во ЕУ мора да најдеме алтернатива, ова стана поигрување со нацијата

Александар Тодески

Општина Карпош пред Уставен суд ќе го оспорува ДУП-от кој го донесе Општина Ѓорче Петров

Општина Карпош: Донесовме инвестиција од 50 милиони евра и ќе продолжиме да работиме во интерес на граѓаните

Горан Наумовски

(ВИДЕО) „Преку Стевчо ни е, лудилото мора да сопре“: Протест против изградбата на 17-катница кај Воена болница

A1on

(ВИДЕО) Јакимовски: Со изгласан буџет, Општина Карпош ќе продолжи непречено да функционира