Договор за соработка меѓу Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Московската духовна академија

Од:

Ректорот на Московската духовна академија архиепископот верејски Евгениј и ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје проф. д-р Велимир Стојковски денеска во Сергиев Посад, во близина на Москва потпишаа Договор и спогодба за соработка меѓу двете институции.

Потпишувањето на Договорот и спогодбата за соработка кои се од исклучително меѓусебно значење за двата универзитета и за двете држави, соопшти Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, предвидува размена на студенти и наставно-научен кадар, размена на искуства и знаења, учество во заеднички научноистражувачки проекти, симпозиуми, конференции и семинари, издавање на заеднички изданија и заемна можност за нивно публицирање, размена на публикации, учебни и научни изданија и др. Од посебно значење е заемното признавање на документите за образовните и научните степени, издадени од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Московската Духовна Академија.

Ректорот Стојковски заедно со деканот на Православниот факултет „Св. Климент Охридски“, протоереј-ставрофор проф. д-р Ацо Гиревски остварија неколкучасовна работна посета на седиштето на Московската Православна духовна академија. На средбата присуствуваше и амбасадорот на Република Македонија во Москва, Илија Исајловски.

Би можело да ве интересира

Затворени се 26 рурални училишта, во основно образование има 200, а во средно 100 паралелки помалку

Катерина Ѓуровски

Пријавување за студии на УКИМ, слободни над 8800 места

УКИМ го објави конкурсот за запишување студенти во прв циклус во учебната 2026/2027 година

Биљана Ангелова резбрана за ректорка на УКИМ

Горан Наумовски

Јаневска: Напредувањата во звања мора да се темелат на квалитет

ФИНКИ ќе ги добие двете недовршени згради кај Ректоратот на УКИМ

Катерина Ѓуровски