А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Шулц: Македонија не може да има напредок кон ЕУ, ако партиите и етничките заедници се поделени

by А1он16/01/2013 - 16:48234
Share0

Македонија не може да има напредок во насока кон ЕУ, ако партиите и етничките заедници се поделени. Ние имаме потреба од соработка и повторувам дека Македонија на почетокот беше пример. Сега се надевам да таа земја не се претвори во грижа, рече претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц одговарајќи на прашањето од дописникот на МИА од Стразбур, за тоа како гледа на политичкиот конфликт меѓу опозицијата и владејачкото мнозинство во Македонија. При тоа, тој повика на соработка меѓу сите партии.

Следете a1on на Instagram Instagram

Како што пишува МИА, претседателот на групата на Социјалистите и демократите Јоханес Свобода за перспективите на Македонија да добие датум за преговори за време на ирското претседателство рекол дека „се зависи од начинот на кој ќе бидат решени проблемите и конфликтите во земјата“.

– Тоа сега е прашање меѓу две партии со голем конфликт во Парламентот, бидејќи знаете дека не прифаќаме почеток на преговори со земји кои се силно политички поделени меѓу партиите од владината коалција и опозицијата. Потребно е да се промени ова и да се најде компромис и заедничка позиција на двете најголеми парламентарни групи во Македонија. Засега сите претставници на ЕУ бараат од двете страни да пронајдат решение, јас лично телефонски ќе раговарам со Црвенковски, но не можеме да најдеме решение однадвор. Потребно е да се убедат двете страни да најдат решение и да создадат услови опзицијата да се врати во Парламентот – нагласил Свобода за Дојче веле.

Според Грахам Ватсон од групата на европските либерали и демократи, на Македонија сега и е потребен и внатрешен компромис.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Потребно е сега сите партии во Македонија да работат да се најде решение, во ЕП постои загриженост по она што се случува во Македонија од пред неколку недели. Се надевам дека сите елементи на општетството, ќе работат заедно за да осигураат членство на Македонија во ЕУ – рекол поранешниот претседател на групата на европските либерали во ЕП, пренесе МИА.

eu

Би можело да ве интересира

Кнајсл: Дипломатијата на ЕУ не функционира затоа што дипломатите размислуваат како блогери

Горан Наумовски04/06/2026 - 22:20

Вучиќ: Не можеме вечно да чекаме за членство во ЕУ

Горан Наумовски03/06/2026 - 08:25

Кошта: Усвојувањето на уставните измени останува единствен начин за почнување на пристапните преговори

Предраг Петровиќ02/06/2026 - 19:58

Кнајсл: ЕУ нема да може да се договори кој ќе преговара со Русија

Горан Наумовски31/05/2026 - 20:44

Кремљ ѝ порачува на ЕУ: Ги преминавте сите црвени линии

Горан Наумовски31/05/2026 - 17:08

Петрова: Бугарските услови остануваат дел од патот на Македонија кон ЕУ

Горан Наумовски30/05/2026 - 11:19
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто