Мисијата на ОБСЕ донираше компјутерска опрема за центарот „Порака наша“

Од:

Мисијата на ОБСЕ донираше компјутерска и електронска опрема за Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост „Порака наша“.

Со донацијата, велат од Дневниот центар, полесно ќе се спроведува програмата и активностите за лица со умерена и тешка интелектуална попреченост над 18 години.

– Компјутерот како алатка го овозможува и олеснува активното учество на сите луѓе во општеството, како и на луѓето со интелектуална попреченост. Корисниците учат како да пишуваат, читаат, сметаат, користат интернет и едукативни игри. Нашата цел е независно живеење на нашите корисници и планираме преку работно оспособување и користење на комјутерот како алатка да ги пласираме на отворениот пазар на трудот, изјави Фросина Симоновска, дефектолог во „Порака наша“.

Претходните години, со помош на Мисијата на ОБСЕ беа заменети и старите прозорци во адаптираната барака на Здружението „Порака Наша“.

Корисниците на „Порака наша“ во текот на целата година активно се вклучуваат во сите активности и манифестации во Куманово, покажувајќи дека се активен дел од локалната заедница.

Во Дневниот центар секојдневно престојуваат 21 корисник, лица со различна попреченост над 18 години, а за нив се грижи стручен тим составен од психолози, социолози, дефектолози и социјални работници.

Би можело да ве интересира

Лавров доаѓа во ЕУ во декември, првпат од почетокот на војната во Украина

Катерина Ѓуровски

ОБСЕ/ОДИХР со позитивна оценка за изборниот ден, процедурите за гласање се почитувале во голема мера

Блинкен и Лавров се разминаа во Скопје, САД и Русија спротивставени за иднината на ОБСЕ, за Украина, Балканот

Габриел не сакала да биде на иста маса со Лавров и затоа предвреме заминала од Скопје

Горан Наумовски

Хипи: Луѓето сакаат да бидат на евроатлантската траекторија бидејќи веруваат во слобода и демократија

Заврши Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје, постигнат консензус за идниот претседавач, но не и за буџетот