ВИДЕО: МВР во две акции заплени 143 килограми марихуана

Од:

Во две одвоени акции на МВР полицијата вчера заплени 143 килограми марихуана.

Директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Лазе Велковски денеска на прес-конференција информираше дека во првата акција запленети се 55 килограми марихуана која на нарко пазарот е со вредност од 150 илјади евра и дека се лишени од слобода седум лица, од кои шест македонски државјани и едно лице од Албанија.

Дрогата била запленета во близина на Маврови Анови на патниот правец Дебар – Гостивар.

Како што појасни директорот, во акцијата лишени се и четири лица од Студеничани кои со две патнички моторни возила „ауди“ и „БМВ“ ја превезле марихуаната од Дебар и требало да ја транспортираат до Солун. Веднаш потоа уапсен е и Албанецот кој на нелегален премин ја внел дрогата во државава. Полицијата ги лишила од слобода уште двајца македонски државјани кои ја презеле дрогата од Албанецот и ја предале на лицата од Студеничани.

Во вториот случај на граничниот премин Деве Баир при преглед на товарно возило полицијата запленила 88 килограми марихуана спакувана во најлонски фолии во внатрешноста на приколката. Во акцијата полицијата го лишила од слобода возачот кој е албански државјанин.

Директорот на БЈБ Велковски информираше дека по целосно документирање на случаите против сите лица ќе бидат поднесени пријави.

Би можело да ве интересира

МВР: Има зачестена појава на измамнички пораки за наплата на сообраќајни прекршоци

А1он

Србин уапсен во Скопје: Осомничен за подготовка на платено убиство

Катерина Ѓуровски

Поднесена кривична пријава против припадникот на обезбедувањето на Мицкоски кој ја истепа сопругата

Катерина Ѓуровски

Поднесени кривични пријави за родителите на малолетничките кои тепаа и малтретираа 13-годишно девојче

Измамнички пораки за казни од „Сејф сити“ водат до непосточека веб страница на МВР

Лажни се дојавите за поставени бомби во повеќе училишта во Скопје