Штип стартува со гасификацијата

Од:

Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, ја информираше јавноста дека во тек е јавниот оглас за изработка на идеен и основен проект за изградба на секундарна дистрибутивна гасоводна мрежа во Општина Штип со максимум 20.000 метри должина.

Одделението за урбанизам ја има подготвено проектната задача и техничката спецификација.

„Еден од крупните капитални проекти за Општина Штип, којшто го најавивме за време на предизборната кампања, а тоа е гасификација на Општина Штип, започнува со својата реализација,“ истакна градоначалникот Бочварски.

Со овој повик ќе биде избран економски оператор кој ќе има обврска да избработи идеен проект и основен проект со ревизија за конкретниот предмет на набавка и како таков да го достави до Општина Штип.

„Започнуваме крупен, долгогодишен процес, којшто ќе значи олеснување на животот на граѓаните, многу заштеди на енергија, многу помали сметки за загревање, проценето е дека ќе има 40% до 50%, а некаде и до 70% заштеда и помали сметки за загревање,“ посочи градоначалникот Бочварски.

Јавниот оглас е објавен на 19.02.2018 во Електронскиот систем за јавни набавки, Службен весник на Република Македонија и Службено гласило на Европската Унија и ќе трае до 12.03.2018 г.

Проценетата вредност на овој проект без вклученост на ДДВ изнесува 4.950.000,00 денари.

Градоначалникот Бочварски зборуваше за многустраните придобивки од гасификација на општината: „Една од многуте придобивки од гасификација на Штип е помало загадување, а со тоа и почиста и поздрава средина за нашите граѓани. Очекувам во текот на оваа година експресно да ги завршиме проектирањата, а оваа постапка ќе почне успешно и ќе заврши успешно, со што на почетокот на наредната година ќе бидеме сведоци на поставување на првата гасоводна цевка во Општина Штип.“

Гасификацијата е еден од најважните проекти за општина Штип кој директно ќе влијае на намалувањето на трошоците за греење на секое домаќинство, јавна институција и приватна компанија и ќе придонесе за создавање поквалитетен живот на секој граѓанин.

Би можело да ве интересира

Штипско културно лето започнува на 24 јуни

А1он

Утре ќе биде изменет сообраќајниот режим на експресниот пат Штип – Кочани

(ВИДЕО) Детали за убиството во Штип: Убиецот ја викнал жртвата за да се смират, пиштолот го купил во Скопје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Уапсен е убиецот кој вчера пукаше во кафуле во Штип

Катерина Ѓуровски

Почина студентот од Турција кој беше застрелан синоќа во кафуле во Штип

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се трага по напаѓачот од штипското кафуле кој и побегна на полицијата кај Миладиновци

Катерина Ѓуровски