Груевски: Отворени сме за аргументиран дијалог

Од:

Остануваме за дијалог во институциите, дијалог со кој што опозициската СДСМ ќе се врати во Парламентот, каде ќе разговараме за сите прашања за кои што сакаат да разговараме и да се најдат решенија да се излезе од оваа ситуација во која на 24 декември и во деновите претходно ја доведоа Македонија, ситуација која не е добра за имиџот на државата.

Ова го истакна премиерот Никола Груевски коментирајќи ги последните политички случувања, како и тоа дали е можен дијалог со опозицијата по промоцијата на 12 нови наслови од различни области од проектот „Превод на 1000 стручни, научни книги и учебници од кои се учи на врвните, најдобрите и најреномираните универзитети во САД и Англија, а од областа на правото во Франција и Германија“.

– Ние сме целосно подготвени на следните локални избори да има целосен мониторинг од ОБСЕ, ОДИХР, онолку засилен колку што ќе посакаат од СДСМ и ќе се согласат од ОБСЕ и ОДИХР. Целосно сме подготвени доколку се уште сметаат дека има нешто недовршено во избирачките листи тоа да се заврши и да се комплетира за да нема каков било сомнеж дека на некој начин се сака да се направи нешто што е неетички и незаконски, измама или слично. Тука немаме ниту за секунда такво размислување и затоа оставаме целосно отворена можност во тој дел и се разбира се друго што е легитимно и реално и што е нормално да се побара и да се прифати ние сме подготвени, рече Груевски.

Тој нагласи дека се она што практично е услов заради услов или заради неприфаќање со кое всушност, како што рече, сакаат само да издадат алиби за она што го прават и за остварување на нивните цели – предвремени парламентарни избори.

– Станува јасно дека сето тоа е дел од сценариото на Бранко Црвенковски со кое тој сака да ја спаси својата политичка кариера внатре во партијата. Затоа што знаеме што се се случува таму, истакна премиерот Груевски.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Огромни суми на пари од продажбата на јаглен на ЕСМ завршувале на сметки на фирми на Заев, а кои имаат тесна врска со Филипче

СДСМ обвинува: ВМРО-ДПМНЕ вработува 50 свои луѓе во РЕК Осломеј

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Зошто од истрагата е изоставен Томо Донев кој до несреќата повеќе од една година е началник за криминалистички работи во Кочани

ВМРО-ДПМНЕ: Во Здравство знаеле дека договорот и анексот на Филипче се криминални, одбивале да ги потпишат

Не помина предлогот на Апасиев за надзорна расправа во Собранието за трагедијата во Кочани

ДУИ: Изградбата на над 150 дивоградби во Чаир не е само урбан криминал, туку и политички притисок врз челниците на партиите миленици на Мицкоски