Претседталот на Венецуела, Николас Мадуро поднесе денеска официјална кандидатура за предвремените избори закажани за 22 април кои ќе бидат бојкотирани од опозицијата.
Претходно, Мадуро го посети гробот на претходниот претседател, Хуго Чавес кој беше шеф на државата од 1999 до 2013 година.
Мадуро е непопуларен во Венецуела, држава која е во економска криза, каде има недостиг од лекарства и храна.
Западни медиуми јавуваат дека Мадуро го искористил моментот на разделена и ослабната опозиција која се повлече од претседателските избори на 22 април, а кои требаше да се одржат во крајот на годината.