Во Прилеп се интервенира навреме за чистење на снегот и опесочување на улиците

Од:

Навремено се чистат сите улици во Прилеп од снегот, а се интервенира и во населените места. Опесочувањето е навремено, велат од прилепското јавно претпријатие за Урбанистичко планирање во чија надлежност е спроведувањето на програмата за зимско одржување на улиците и патиштата.

Според Лилјана Базеркоска од ЈП за Урбанистичко планирање се чисти навремно и се опесочуваат улиците.

– Од почетокот на снежните врнежи се интервенира непрекинато на теренот. Се чистат сите улици во градот, во коишто има можност за пристап на механизација. Се интервенира и во населените места. Онаму каде што нема пристапен терен за механизацијата, на сообраќајниците и патиштата се интервенира рачно. Опесочувањето е контролирано, изведено е навремено и квалитетно, вели Базеркоска.

Поради минусните температури зголемено е количеството на сол што се фрла по сообраќајниците за да се постигне побрзо топење на мразот. За интервенција се користат, пет камион со плуг за чистење на снегот и посипувачи во градското подрачје.

Во населените места што гравитираат околу градот се интервенира со камион со плуг и градежна машина за чистење на снегот. Употребени се 87 метри кубни ризла со гранулат од 0 до 4 мм и 25 тони сол. Екипите се на терен во три смени и интервенираат деноноќно.

Долку граѓаните имаат потреба за дополнителна интервенција, да се јават, на телефонскиот број: 078/308-053, за да се преземат активности за чистење на теренот и други проблеми, што може да бидат предизвикани од снегот и ниските температури.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Во Прилеп денеска е ден на жалост поради трагичната смрт на трите медицински лица

Катерина Ѓуровски

Двајца лекари и ренген-технчар се жртвите во тешката сообраќајна несреќа кај Прилеп

Четворица повредени во сообраќајка во Прилеп

Еден тешко повреден во судар на автомобил и мопед во Прилеп

Две деца од Прилеп здобиле изгореници откако пламнал пожар во нивната куќа

Горан Наумовски