„Снапдрагон“ 700 ќе донесе поиздржлива батерија и ВИ на средната класа уреди

Од:

Изненадувачки, од „Куалком“ објавија нов чип за време на Светскиот мобилен конгрес во Барселона. „Снапдрагон“ 700 ќе биде позициониран под средната класа смартфони, но ќе нуди функции како за предводник.

Од компанијата соопштија дека дел од функциите на сериите „Снапдрагон“ 800 ќе бидат достапни и во евтиниот „Снапдрагон“ 700, а една од нив ќе биде два пати побрзп извршување на операции поврзани со вештачки интелект (ВИ).

Новата платформа ќе поддржува „Куалком Спектра ИСП“ кој одговара за квалитетот на фотографиите кај голем дел од предводниците во моментов, како и за снимање на видеа во „слоу моушн“ и ХДР.

Покрај големите можности, „Снапдрагон“ 700 ќе биде и подобро оптимизиран за работа, а се очекува да биде до 30% поекономичен при користењето на батеријата на смартфонот. Тој ќе го поддржува и „Квик чарџ 4+“ стандардот кој овозможува да го наполните уредот до 50% за само 15 минути. Комуникациските модули како ЛTE, ви-фи и Блутут 5 исто така ќе бидат поддржани.

Од „Куалком“ објавија дека новата платформа веќе се тестира од некои клиенти на компанијата и ќе влезе во продажба во првата половина на годината. Допрва очекуваме повеќе информации за перформансите на системот, но сигурно е дека тој ќе ја направи средната класа уреди доста помоќна.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска