Затворена спортска обложувалница што работела без дозвола во Желино

Од:

Вчера околу 19.30 часот, по претходно добиени сознанија, полициски службеници извршиле контрола во спортска обложувалница во с.Желино, тетовско, сопственост на А.М. (39) од Гостивар, која работела без дозвола од надлежен орган.

Притоа, во обложувалницата биле пронајдени и со потврда биле одземени четири телевизори, две компјутерски куќишта, два печатачи, два монитори, два бар код читачи и парични средства во вкупен износ од 41.600 денари. По целосно документирање на случајот, против А.М. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Тетовец е тешко повреден, чичко му ненамерно го прегазил со возило

Полицијата влезе во угостителски објекти во Тетово, пронајде дрога и оружје

Пожар во средно училиште во Тетово, шестмина вработени завршија во болница

Левица: Скандалот во Центарот за социјални работи Тетово добива нови димензии

Најстудено во Берово и на Попова Шапка, најтопло во Тетово

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот