Змијанац: Потребни измени за незастарување на „полов напад на дете помало од 14 години“

Од:

Директорот на првата детска амбасада во светот Меѓаши, Драги Змијанац, апелира Владата да донесе законско решение според кое нема да има застарување на кривично дело „полов напад врз дете кое нема наполнето 14 години“. Само во тој случај, вели, доколку се открие преку сведоштво на поранешни штитенички од установите, како „25 Мај“, кои во континуитет биле тргувани и сексуално злоупотребувани ќе може да се поведе кривична одговорност и за овие дела од минатото.

Ова смета, Змијанац, е можност целосно да се расчистат случаите со злоупотреба на штитенички од државните установи за згрижување, каков што беше последниот со сексуалната експлоатација на девојчето од установата за згрижување деца со социјални и воспитни проблеми „25 Мај“

По огромниот притисок Министерството за труд и социјална политика, тоа презеде мерки за да се открие како во континуитет ова девојче, било осум или девет пати силувано, било тргувано и било сексуално злоупотребувано, а никој не знаел или не реагирал.

Вели дека треба да се најдат сите што на било каков начин го злоупотребиле девочјето, како и да бидат казнети, бидејќи овие дела можат да се подведат и под педофилија и трговија со дете.

– Од сите деветмина кои го сториле ова кривично дело само еден е пронајден, жената е веќе пронајдена дека тргувала. Тоа значи дека нема амнестија од одговорност од страна на установата, иако оттаму велат дека тоа можело слободно да се движи. Но, некој тоа девојче го чекал, го тргувал и го злоупотребувал. А има и сомнеж дека постари штитеници кои ги злоупотребувале помалите девојчиња. Значи, морална одговорност е најмалку што треба да се направи за директорот на Домот „25 Мај“, тука бараме кривична одговорност, рече Змијанац.

Добро е, вели што се поднесени 11 кривични пријави против вработени во Центарот за социјални работи и што е веќе детектиран случајот на жената што тргувала со детето, но прашува, каде било Основното јавно обвинителство навреме да реагира и дали животот на девојчето требало да биде доведен во прашање за да се преземе нешто и тоа под притисок на јавноста.

Би можело да ве интересира

Деца од Битола на средба со Радев без дозвола од родителите: Злоупотреба за политички цели, тврдат од Меѓаши

A1on

151 дојава на СОС линијата за деца и млади во првата полововина од 2021

Меѓаши започна онлајн кампања „Поттикни МИР“

На СОС-телефонот на „Меѓаши“ лани 240 јавувања, двојно повеќе од годината пред тоа

Катерина Ѓуровски

„Меѓаши“ прославува 27 години од постоењето

Ана Ололовска

„Меѓаши“ го промовираше прирачникот „Позитивно родителство“

Ана Ололовска