ЕУ стравува од можноста европски џихадисти да се упатат кон Мали

Од:

Европската унија е загрижена дека ситуацијата во Мали може да привлече европски џихадисти,  кои ќе се борат на страната на исламистите, во оваа африканска земја, јави БТА, повикувајќи се на анонимни високи извори од ЕУ.

Изјавите доаѓаат во пресрет на утрешниот вонреден и прв за оваа година Совет на министрите на ЕУ за надворешни работи, кој целосно ќе биде посветен на ситуацијата во Мали. Се предвидува на средбата министрите за надворешни работи од ЕУ да разговараат и со својот колега од Мали, како и да биде разгледан почетокот на европската мисија за обука на војската на Мали.

Првично се предвидуваше оваа мисија да почне со работа кон крајот на февруари или почетокот на март, но веројатно овие планови ќе бидат забрзани. Мисијата нема да има воен карактер и ќе биде насочена кон враќање на армијата под цивилна контрола. Се очекува таа да трае 15 месеци, во неа да учествуваат вкупно 450 службеници и да чини околу 12,3 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Шефот на кабинетот на претседателот на Мали убиен во заседа

Ана Ололовска

ОН: Во напад на Мали загинаа двајца мировници, а четворица се повредени

Ана Ололовска

Мали побара итен состанок на Советот за безбедност за француски „акти на агресија“

Ана Ололовска

Германија го суспендира учеството во мировната мисија на ОН во Мали

Ана Ололовска

Во Мали убиени двајца припадници на мисијата на ОН

А1он

Европската комисија ја осуди цензурата од Владата на Мали за француските државни медиуми

Ана Ололовска