А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Мартин Шулц: Македонија од пример да не се претвори во грижа за регионот

by А1он16/01/2013 - 14:34125
Share0

„Мојот повик е повик за соработка меѓу сите партии. Македонија не може да има напредок во насока кон ЕУ, ако партиите и етничките заедници се поделени. Ние имаме потреба од соработка и повторувам дека Македонија на почетокот беше пример. Сега се надевам да таа земја не се претвори во грижа“.

Добивај вести на вибер

Ова го изјави претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц на конференцијата за печат, во одговорот на прашањето поставено од дописникот на МИА од Стразбур, за тоа како гледа на политичкиот конфликт меѓу опозицијата и владејачкото мнозинство во Македонија.

Претходно  во изјава за Дојче Веле, претседателот на групата на Социјалистите и демократите Јоханес Свобода за перспективите на Македонија да добие датум за преговори за време на ирското претседателство изјави дека „се зависи од начинот на кој  ќе бидат решени проблемите и конфликтите во земјата“.

– Тоа сега е прашање меѓу две партии со голем конфликт во Парламентот, бидејќи знаете дека не прифаќаме почеток на преговори со земји кои се силно политички поделени  меѓу партите од владината коалција и опозицијата. Потребно е да се промени ова и да се најде компромис и заедничка позиција на двете најголеми парламентарни групи во Македонија, Засега сите претставници на ЕУ бараат од двете страни да пронајдат решение, јас лично телефонски ќе раговарам со Црвенковски, но не можеме да најдеме решение однадвор. Потребно е да се убедат двете страни да најдат решние и да создадат услови опзицијата да се врати во Парламентот, нагласи Свобода.

Грахам Ватсон од групата на европските либерали и демократи, исто така смета дека на Македонија сега и е потребен и внатрешен компромис.

– Потребно е сега сите партии во Македонија да работат да се најде решение, во ЕП постои загриженост по она што се случува во Македонија од пред неколку недели. Се надевам дека сите елементи на општетството, ќе работат заедно за да осигураат членство на Македонија во ЕУ, рече поранешниот претседател на групата на европските либерали во ЕП.

eu

Би можело да ве интересира

ЕУ подготвува казна за Израел

Горан Наумовски06/06/2025 - 22:22

Орбан: Повеќето Европејци се против забрзаниот пристап на Украина во ЕУ

Горан Наумовски05/06/2025 - 12:42

Фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да воведе санкции против Русија истовремено со САД

Горан Наумовски04/06/2025 - 21:44

ЕУ најави одговор на новите царини на Трамп

Горан Наумовски31/05/2025 - 15:20

Работиме напорно за да се деблокира македонскиот пат кон ЕУ, вели Рокас

Горан Наумовски27/05/2025 - 13:42

Калас: Русија е решена да придонесе за страдањето и да ја уништи Украина

А1он25/05/2025 - 15:48
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен