Чилеанската актерка Даниела Вега е првата трансродова жена која ќе учествува на свеченоста на 90. издание на доделувањето на наградите на Американската филмска академија.
Академијата соопшти дека Вега, ѕвездата на филмот „Фантастична жена“ кој е номиниран за најдобар странски филм, ќе биде меѓу лицата кои ќе ги доделуваат Окарите.
– Тоа е прекрасно, но се надеваме дека не е за последен пат, изјави трансродовата новинарка Зои Тур.
Драмата „Фантастична жена“ во режија на Себастијан Лелио се занимава со животната приказна на една трансексуална пејачка во ноќен клуб, чиј живот целосно се менува откако момчето ќе и почине буквално во раце.
– Фактот дека сум трансродна на приказната и дава поголема уверливост, изјави Вега за филмот.
Даниела Вега се занимава со оперско пеење и театарска глума во Чиле.