Кени: Можни се важни одлуки за Македонија

Од:

Проширувањето е дел од приоритетите на ирското претседателство со Европската унија, истакна пред Европскиот парламент премиерот на Ирска Ендa Кени, пренесува дописникот на МИА од Стразбур.

– Можни се важни одлуки за поранешната југословенска република  Македонија, Србија, Албанија и Косово“, наглaси Кени, според кој ирското претседателство ќе води „кредибилна политика на проширување“.

Посочи дека еден од најважните денови во историјата на ЕУ е 1 мај 2004 кога ирското претседателство ги пречека 10 нови земји членки на ЕУ.

– Ние ќе го пречекаме хрватскиот народ за член на 1 јули годинава. За сите земји кои се ангажирани во процесот на преговори за членство и се наоѓаат во разни фази од преговорите, тие и ние имаме многу нешта за работа, рече ирскиот премиер

Во дискусијата која следуваше, проширувањето не беше третирано од европратениците, кои многу повеќе беа концентрирани на економската криза со која се соочува ЕУ.

На конференцијата за печат, на прашањето на дописникот на МИА, дали под кредибилната политика за проширување, може да се очекува и датум за почеток на преговори на Македонија со ЕУ во текот на ирското претседателство, премиерот Тишок Енди Кени одговри само дека за тоа ќе се разговара според извештајот на Европската комисија.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он