Пронајдени апарати за игри на среќа во објект во Тетово

Од:

На 25.02.2018 година од 16.00 до 20.00 часот полициски службеници извршиле увид во објект во Тетово, сопственост на Ј.Ј. (43) од Тетово.

Притоа, во објектот биле пронајдени три апарати за игри на среќа, за кои сопственикот Ј.Ј. немал дозвола од надлежен орган.

Апаратите и паричните средства во вкупен износ од 15.030 денари со потврда биле одземени. По целосно документирање на случајот, против сопственикот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Тетовец е тешко повреден, чичко му ненамерно го прегазил со возило

Полицијата влезе во угостителски објекти во Тетово, пронајде дрога и оружје

Пожар во средно училиште во Тетово, шестмина вработени завршија во болница

Левица: Скандалот во Центарот за социјални работи Тетово добива нови димензии

Најстудено во Берово и на Попова Шапка, најтопло во Тетово

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот