Регионална консултативна средба за обезбедување одржливост на сервисите за ХИВ и туберкулоза ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на ХЕРА.
На средбата воведни обраќања ќе имаат министерот за здравство Венко Филипче, претседавачката на Управниот одбор на Глобалниот фонд за борба против СИДА, маларија и туберколоза (ГФ) Аида Куртовиќ и претседавачот на Националниот координативен механизам на Македонија, Христијан Јанкулоски.
Настанот претставува можност за клучните чинители од Југоисточна Европа да работат на идентификување на идните чекори за застапување со цел зголемување на средствата на државите од регионот за сервисите за ХИВ и туберкулоза.