(ВИДЕО) Заев од Скопскиот аквадукт: Со конкретни акции го штитиме културното наследство на Македонија

Од:

Претседателот на Владата на РМ, Зоран Заев, придружуван од министерот за култура Роберт Алаѓозовски, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и градоначалникот на општина Бутел, Велимир Смилевски денеска беше во посета на на Скопски Акведукт.

Во изјавата за медиуми премиерот Заев кажа:

„Почитувани претставници на медиумите, почитувани граѓани, чувањето на овие наши непроценливи богатства, богатства на сите граѓани на Република Македонија, е наша голема должност и привилегија, работа на која се зафаќаме со голема одговорност и внимание.

Денеска, заедно со министерот за култура и градоначалниците на Скопје и Бутел објавуваме акција за целосна заштита и конзервација на Скопскиот аквадукт и создавање на еден пријатен амбиент со повеќе придружни рекреативни и културни содржини.

Како што гледате, просторот околу овој бесценет историски објект, кој во изминатите години беше претворен во дива депонија, оставен запустен без никаква грижа, сега е целосно исчистен. Оттука па натаму, продолжуваме со интензивна акција, која треба оваа локација да ја претвори во атрактивна дестинација за граѓаните на Скопје, на Македонија, но и за регионалните и светските туристи.

Драги сограѓани, во годината посветена на европското културното наследство, нашето внимание е кон грижата за нашите културни и историски богатства.

Го покажавме тоа и со усвојувањето на мерките за заштита на Охрид, со што ја спречивме опасноста за губење на статусот на светско наследство под заштита на УНЕСКО. Го спречивме пропаѓањето на црквата Св. Ѓорѓи во Курбиново, ја заштитивме галеријата со престари икони во Музејот на Македонија и многу други зафати. Апелирам до сите институции и граѓани – неопходно е сите заедно да се грижиме и да ги чуваме убавините на Македонија“.

Би можело да ве интересира

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

„Ние, луѓето“-премиера

Левица: Трошокот за унгарски кредит Владата го префрла врз грбот на гараѓаните

Катерина Ѓуровски