ВМРО-ДПМНЕ: Притворот на патриотите e користен како казна без да биде исполнет ниту еден услов за таква мерка

Од:

„90 дена, притворот на патриотите, на луѓето кои неизмерно си ја сакаат Република Македонија e користен како казна без да биде исполнет ниту еден услов за таква мерка.

Актери, режисери, оперски пејачи, архитекти, доктори, припадници на безбедносните сили и други патриоти беа прогласени за терористи со што станавме една држава со најмногу терористи по глава на жител.

Јавното обвинителство и судот се впуштија во овој класичен политички монтиран процес без правни аргументи.

Притворените не сториле терористички акт. Притворените не може да повторат дело што не го направиле. Тие немаат причина да влијаат на истрагата, а најмалку планираат да ја напуштат Македонија. Тоа се луѓе кои имаат семејства, родители и пријатели и целиот свој живот придонесувале за татковината.

Судот и јавното обвинителство мора да престанат да се однесуваат на овој начин кон патриотите. Повеќе не смее да биде одобрено ниту едно барање за притвор без разлика дали ефективен или куќен. Досегашното постапување на обвинителството покажа дека се работи за монтиран процес чија цел е политички прогон и тортура врз сите оние кои не размислуваат исто како СДСМ и Зоран Заев. Фактот што жалбите кои беа поднесени се разгледуваа и усвоија дури после 25 дена од изрекувањето на 30-те денови притвор е повеќе од доволен доказ на политичка позадина и за користењето на притворот како казна.

Правдата се уште не е задоволена!

Правдата ќе биде задоволена тогаш кога ЈО ќе се откаже од монтираното и апсурдно обвинение за “тероризам”.

Република Македонија со години се стреми да биде членка на ЕУ и НАТО. Со вакво функционирање на правосудните органи овие институции од ден на ден стануваат се поодалечни.

Во Македонија мора да се врати правната држава и да се вратиме на патот на ЕУ и НАТО.

Политичкиот прогон во Македонија мора да запре, судството мора да се ослободи од стегите на власта, а обвинителството да запре со монтираните неосновани обвиненија“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски