Вооружена банда упадна на имотот на еден богаташ во Најроби со намера да ги ограби гостите кои присуствуваа на забавата.
Сопственикот на имотот се спротивстави на бандата, а одредени медиуми целиот инцидент го споредија со филмот „Умри машки“.
Седумчлената вооружена група упадна на приватниот посед , но не очекуваа дека домаќинот ќе ги дочека подготвен.
Безбедносните камери го снимиле целиот инцидент. Додека ги испраќал своите гости при отворањето на главната капија, тогаш влегле ограбувачите, а еден од нив бил вооружен со автоматска пушка Ак-47.
Иако бил сам спроти седумте разбојници, сопственикот кој поседувал полуавтоматска пушка убил еден од напаѓачите, тешко ранил двајца, а другите почнале да бегаат.