Ученици од Струмица наградени за идеи за „Коридорот 8“

Од:

Идеите на учениците од струмичката гимназија „Јане Сандански“ за „Перспективите на Коридорот 8“ се најуспешни на конкурсот што го распиша бугарската фондација „Бугарска памет“ на д-р Милан Врабевски.

Тие учествуваа со свои проекти како да функционра ова значајна комуникациска врска меѓу Македонија и Бугарија во иднина.

– На конкурсот се пријавивме по иницијатива на нашата професорка Јованка Михаиловиќ. Многу може да се зборува на ова тема. Пред се како можност за поврзување и заработувачка, развој на туризмот и друго. Нашата идеја беше да се воведе побрзо преминување на граничниот премин, односно документите да се предаваат на излезот од едната држава, а да се добиваат на влезот во другата, вели една од ученичките од победничката екипа, која учествуваше на конкурсот.

Третопласираната екипа, исто така од струмичката гимназија, имаше проект за електронско пополнување на шпедитерските документи, кои се уште рачно се пополнуваат.

– Секој превоз на стока треба да поминува со една обична апликација, која ние ја подготвивме, рече ученичка од третопласираната екипа.

На конкурсот на бугарската фондација учествуваа 35 ученици од Струмица, поделени во повеќе екипи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Поплави во Струмичко, удавени 100 овци и 120 јагниња

Катерина Ѓуровски

„Здрава котлина“ организираше протест против аерозагадувањето на Струмица

А1он

Левица: Баџанакот на Мицкоски со бугарски фирми добива тендери од општина Струмица

Трагедија во Струмица: 71-годишна жена е пронајдена почината во Градскиот парк

Горан Наумовски

Мртва жена e пронајдена во Градскиот парк во Струмица

Горан Наумовски

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри