Пробиштип го решава проблемот со недостиг на пожарникари

Од:

Осум пожарникари, заедно со нивниот командир ги гаснат пожарите во Пробиштип. Командирот на ТППЕ-Пробиштип, Милан Терзиќ вели дека бројот на вработени е двојно помал од неопходниот минимум, а за нормална работа, неопходни се 16 активни пожарникари.

– Можам да кажам дека проблемот е во тоа што не можеме да ги користиме слободните денови. Во овој момент имаме и забрана за користење на годишен одмор се до оној момент кога ќе се пополни оној број на пожарникари во единицата, вели Терзиќ

Градоначалникот на Пробиштип, Драган Анастасов вели дека проблемот со недостиг од пожарникари се решава од страна на локалната власт.

– Обезбедени се четири согласности и распишан е оглас за доекипирање на противпожарната единица за првпат после 20 години, рече Анастасов.

Командирот на ТППЕ-Пробиштип, Терзиќ забележа дека и тие како и останатите противпожарни единици во регионот имаат проблеми со старата опрема и со возилата.

– Се случува опремата да откаже на терен, како резултат на староста и дотрајаноста, рече Терзиќ.

Според извештајот за работа минатата година пожарникарите имале 61 интервенции, од кои 14 биле пожари на отворено и на објекти со поголема материјална штета.

Би можело да ве интересира

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Горан Наумовски

28-годишна штипјанка откри дека нејзиното двегодишно внуче е тешко повредено

Горан Наумовски

Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“

Кривична за пироман од Штип: Изгореа делови од две куќи, гаража, шума…