(ВИДЕО) Божиновски: СДСМ ветуваше демократија и слобода за медиумите, а донесе страв и цензура

Од:

„На медиумите во Македонија им беше ветуван живот откако СДСМ и Заев ќе дојдат на власт, а наместо тоа добија затвор. Добија затвор, во вистинската смисла на зборот!

Наместо почитување на правото на слобода на говор и критика, сведоци сме на обиди за цензура и изречени затворски казни за напишан текст.

Вчера видовме дека судот изрекол ефективна казна затвор во времетраење од три месеци или условно од една година, за текст во неделникот “Република”, насловен “6 милиони евра за платеничката револуција на Сорос”. Преседанот да биде поголем, не постои демант дека било кои од податоците што се објавени во текстот се неточни. Апсурдот да биде поголем, од Република тврдат дека ниту еднаш не се повикани на судско рочиште, а казната затвор е веќе изречена“, изјави Игор Божиновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ваквата пресуда е срам за државата. Јавноста мора да знае кој ја нарачал и мора да се бара одговорност.

Репресијата, цензурата и притисоците сега се насочени кон критички настроените медиуми, но пораката за заплашување се испраќа до сите.

ВМРО-ДПМНЕ го осудува притисокот врз медиумите.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува новинарските организации во Република Македонија, меѓународните новинарски здруженија, ОБСЕ, ОДИХР и меѓународните претставници во Република Македонија да го осудат овој терор врз медиумите.

Граѓаните на Република Македонија сакаат да живеат во демократија. СДСМ ја загрозува нашата ЕУ и НАТО интеграција и го загрозува напредокот и развојот на општеството во целост со ваквите чекори.

Во Република Македонија под власта на СДСМ е поткопан еден од столбовите на демократијата – независното и слободно новинарство.

Слободата е загрозена. Слободата на говор нарушена. СДСМ спроведува вистинска репресија врз медиумите и медиумскиот простор. СДСМ преку притисок сака да ги заплаши и стави под своја контрола медиумите.

Власта сака да го замолчи секој еден критички настроен медиум и личност. Власта со оваа постапка покажува дека сака да спроведе тотално едноумие.

Ветуваа демократија, слобода за медиумите донесоа страв и цензура.

Цензура и притисок врз медиумите не смее да има. Притисокот врз медиумите не смее да стане наше секојдневие. Република Македонија е демократска држава и заслужува слободни медиуми кои ќе ја информираат јавноста“, рече Игор Божиновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски