Криминалот во полошкиот регион се намалува

Од:

Бројот на регистрирани кривични дела во полошкиот регион, во 2012 година е помал за 133 случаи во споредба со претходната 2011-та, информираат од СВР Тетово.

Според портпаролот  Марјан Јосифоски, во 2012-та година, на подрачјето на СВР Тетово регистрирани се 2.224 кривични дела (во тетовскиот регион 1. 321 и во гостиварскиот 903). Јосифоски напомена дека бројките упатуваат на заклучок дека криминалитет бележи намалување за 13 проценти.

Според структурата најмногу има (2.014) имотни деликти, односно кражби. Минатата година на ова подрачје, се случиле 961 тешка кражба, од кои 417 во станови и куќи, 87 во продавници, 91 во моторни возила и 216 останати. Покрај ова, евидентирани се и 121 обид за тешки кражби и 28 таканаречени дрски кражби, како и 340 обични кражби.

Во ланските дела вкупно инволвирани биле 966 сторители (ТЕ-623 и ГВ-343), против кои се поднесени 717 кривични пријави (ТЕ-450 и ГВ-267).

– Кумулативно, во 2011-та и 2012-та година присутен е надолен, тренд, кога станува збор за вкупниот криминал во поширокиот Полошки регион. Покрај намалувањето на делата, евидентно е зголемување на реализацијата, односно откривачката дејност, подвлекува Јосифоски.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он

Уапсен е битолчанец – кај него пронајдени три пушки и три пиштоли

А1он

Претреси на 32 локации во Скопје по наредба на судија, се проверуваат и простории на МВР

МВР потврди: Помошник директорот во сектор-администрација во Царина е приведен со обележани 17.500 евра

А1он

Битолската полиција за шест часа казни 77 возачи на мопеди и електрични тротинети

А1он

Убиство во Дуќанџик – пукаа кон петмина, 26 годишен скопјанец настрада

А1он