Втор ден и прогласување на победниците на натпреварот во уметничко лизгање„Skopje on Ice 2018“

Од:

Со перформанс на мраз на најмладите лизгачи и лизгачки од Македонија и настап на Мијата синоќа свечено беше отворен Вториот национален и меѓународен натпревар во уметничко лизгање „Skopje on Ice 2018“. Настанот, кој се одржува на лизгалиштетот во СЦ Борис Трајковски започна во 19:00 часот со извлекувањето на редните броеви на натпреварувачите.

На првиот натпреварувачки ден настапија 15 натпреварувачки од три држави во три интерпретативни категории. Натпреварот продолжува и денеска, а на мразот своите вештини ќе ги покажат учесниците од категориите Кадети Ц (6-8 години), Кадети Б (8-10 години), Младинки и младинци – 11+ години, Јуниорки и Сениорки.

Церемонијата за прогласување на победниците во сите категории ќе се одржи во 12:30 часот на лизгалиштето во СЦ Борис Трајковски.

Натпреварот, чија цел е да го промовира и популаризира уметничкото лизгање како спорт во нашата земја, е во организација и реализација на Федерацијата за лизгачки спортови на Македонија и Спортскиот центар Борис Трајковски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шчербакова го освои златото во уметничко лизгање

А1он

ВИДЕО: Трусова направи историски подвиг, па во солзи изјави дека се откажува

А1он

ВИДЕО: Лизгачката која несакајќи ги покажа градите на последните Олимписки игри, сега освои златен медал

А1он

Поранешниот селектор на Франција во уметничко лизгање обвинет за силување на шест репрезентативки

Жарко Настоски

Магија на мраз денеска и утре во Скопје

Ана Ололовска

Скопје домаќин на меѓународен турнир во уметничко лизгање

Ана Ололовска