Кекеновски: Банана држава, банана премиери

Од:

„Вицепремиреот за европски прашања Бујар Османи не оди на конференција во Босна и Херцеговина за Западен Балкан поради тоа што Косово не е покането на конференцијата!? Албанија исто така ќе ја бојкотира Конфенерцијата.
Ццццццц. Срамно и недозволиво.

Значи продолжува и понатаму функционирањето на двоглавата извршна власт. Си имаме два премиера пред кои одговараат министрите.

За жал досега во РМ немаше и нема маж премиер кој цврсто ке ја држи во рака премиерската палка. Желбата да се сочува премиерската позиција по секоја цена, е побитна од се останато.

Во една саглам држава, со саглам премиер не е можно вицепремиер сам да донесува одлука за учество или неучество на ваква важна конференција поради ваква причина.

Сетете се само дека против Бујар Османи има и истражна и предистражна постапка. И покрај презумпцијата на невиност, саглам премиер и премиер кој држи до себе, немаше да дозволи да му го наметнат во владата се додека не заврши целата постапка, а уште помалку сам да одлучува за учество или неучество на конференцијата посветена на Западен Балкан.

П.С. Да бидам објективен до крај и против премиерот се води кривична постапка“, напиша Јове Кекеновски на својот Фејсбук профил.

Би можело да ве интересира

Кекеновски: Свесно по трет пат Мицкоски одработи за победа на СДССМ и ДУИ

Ана Ололовска

„Никогаш северна, само Македонија“ поднесе кривични против Дерковски и членовите на ДИК

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Кекеновски: Мицкоски е столбот на досегашното и идно опстојување на Заев

Ана Ололовска

Кекеновски: Неискрено и лажно подадената рака од политичките елити на Бугарија

Ана Ололовска

Кекеновски: Мицкоски повикува на излезност како Груевски во 2004 година, кога одработи за Црвенковски

Маја Илиевска-Пачемска

Кекеновски: Ахмети е вистинскиот премиер од сенка

Ана Ололовска