Работна средба на тимовите за имплементација на проектот „Туризам без граници“

Од:

Во текот на вчерашниот ден, општина Крива Паланка беше домаќин на тимовите имплементација на прекуграничниот ЕУ проек „Туризам без граници“. Овој проект е финансиран од Европската унија преку програмата за прекугранична соработка помеѓу Р.Македонија и Косово, и во него заеднички, како партнери, учествуваат општина Витина и општина Крива Паланка.

Овој заедничкиот проект спаѓа во групата на инвестициски проекти и предвидува изградба на пешачки патеки во двете општини, како и низа на други неинвестициски активности, кој освен што треба да придонесат за унапредување на туризамот и туристичката понуда во двете општини, исто така треба и да дадат придонес за интензивирање и продлабочување на соработката, како на локално ниво така и помеѓу двете соседни држави, градење на заедничка европска иднина, што всушност претставува и основна цел на ИПА програмата на ЕУ.

Во рамки на работната средна, тимовите за имплементација на проектот беа примени и од страна на градоначалникот Борјанчо Мицевски, кој со големо задоволство го поздрави почетокот на имлементирачките активности, со надеж дека во иднина соработката со општина Витина може да се прошири и унапреди и на други полиња кои се од интерес на граѓаните од двете страни.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Крива Паланка да не се амнестира од проблемот со кравите, реагира АХВ

Уапсена е краварката од Крива Паланка по нарушување на јавниот ред

Горан Наумовски

„Сусурига 2026“ го оживеа културното наследство по повод празникот Прочка

А1он

Во несреќен случај загина 83-годишен мотоциклист

Горан Наумовски

(ФОТО) Крива Паланка пак е најубаво украсен град во Македонија

А1он

Камион излета од патот Деве Баир – Крива Паланка кај Самоков, сообраќајот во прекин

Горан Наумовски