ВМРО-ДПМНЕ: Уривањето на спомениците повеќе говори за талибанскиот, деструктивен менталитет на власта

Од:

„Уривањето на спомениците говори за неспособноста на СДСМ да сработат некој проект и да изградат нешто полезно за граѓаните. Уривањето на спомениците повеќе говори за талибанскиот, деструктивен менталитет на власта, отколку што помага да се прикријат срамните одлуки само дел од неправедно приведените да бидат ослободени од притвор, а да продолжи изживувањето со останатите.

Правдата не е целосна се додека не бидат ослободени од затвор сите неправедно приведени патриоти.

Правдата не е целосна се додека не бидат укинати и срамните мерки домашен притвор.

Правдата не е целосна се додека не се отфрлат конструираните обвиненија.

Повеќе од три месеци патриотите се држени во крајно нехумани и нечовечки услови. Патриотите се притворени без да биде исполнет ниту еден услов за таква мерка.

Тие ниту сториле терористички акт, ниту може да повторат нешто што не сториле. Тие ниту избегале, ниту имаат намера да избегаат од земјава, затоа што немаат причина и затоа што нивната љубов кон Македонија е бескрајна. Тие ниту имале, ниту имаат причина да влијаат на фабрикуваната и неоснована истрага.

За пет дена истекува и третиот месец како се во притвор патриотите, а судот дури сега ги повикува за да одлучи по нивните жалби за второто триесетдневно продолжување на притворот. Ова е класична тортура и газење на основните човекови права. Ова е неправда.

Обвиненијата за тероризам треба да бидат отфрлени во целост и конечно да се прекине оваа фарса што ја спроведуваат правосудните органи.

Судот треба да се води од сопственото начело и под итно без одлагање да ги ослободи и останатите притворени зошто апсолутно нема никаква правна логика да бидат држени во притвор и останатите обвинети по повод настаните од 27-ми април.

На овие монтирани партиско мотивирани процеси мора да им се стави крај!

Дурловски, Илиевски, Јованоски, Дамовски, Чавков, Божиновска, Мукоски, Тарчуловски, Николовски, Пешевска не се терористи. Тие се жртви на прогон од сегашната власт. Во нивниот случај притворот најдрско се злоупотребува.

Судот мора да разбере дека мерката притвор не смее да се користи како начин на заплашување, замолчување, казна и тортура само затоа што постојат луѓе кои отворено се спротиставуваат на антидржавните политики на Зоран Заев и СДСМ.

Правосудството треба да се ослободи од притисокот на СДСМ и на тој начин да го зачува интегритетот и угледот на институциите се со цел да се спроведат законите во Република Македонија“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски

Стојаноски: СДСМ избега од дебата затоа што нема аргументи против финансискиот пакет