Фејсбук на прес-конференцијата во нејзиниото седиште претстави нова услуга која би требало на корисниците да им понуди нов начин за пронаоѓање лице, фотографија и други информации внатре во нивната група на пријатели.
Услугата наречена Graph Search претставува обид на Фејсбук за подобро искористување на нивната база од милијарда корисници, 240 милијарди фотографии и билион врски. Како еден пример наведен е „Friends of my friend who are single male San Francisco, Calif“, а како резултат се добива список на лица кои го задоволуваат тој критериум. Освен за напредни услиги, алатката може да биде користена и за пребарувае на партнери, или за пребарување на кандидати за работа, со што може да конкурира на LinkedIn и други страници за спојување на потенцијални двојки.
Засега услугата ќе биде достапа само на ограничен број испитани корисници врз основа на персонални компјутери и ќе бидат поддржани само услугите на англиски јазик.