Кривопаланечките извидници со еко-акција го одбележаа денот на извидниците

Од:

Педесетина скаути од извиднички одред „Наум Наумовски-Борче“, Крива Паланка направија обиколка на дел од централното гардско подрачје, се до село Дрење, собирајќи цврст отпад во рамки на еколошката акција насловена „Добро дело“.

– Во текот на денот нашите новорегрутирани скаути, дел од подмладокот на одредот, како и десетина искусни членови во период од пет часа собравме вкупно дваесет вреќи цврст отпад и останати материјали одложени во реонот на градската и приградска траса на потегот од Крива Паланка кон Калиманска чука, село Дрење. Во реонот од околу седум километри од појдовната точка отстранивме десетина мини-депонии создадени од несовесните кампери, информира Игор Ангеловски, старешина на ИО „Наум Наумовски-Борче“, Крива Паланка.

Отпадот е транспортиран и одложен во контејнери во населбата Осичка маала, а акцијата е дел од проектза дислоцирање на мини-депонии, насловен „направи добро дело“.

Акцијата се реализираше по повод 22 февруари, светски ден на извидниците.

-Нашиот одред е еден од најстарите во државата. Формиран е во 1960 година, а во моментот брои околу шеесетина активни членови, со тенденција таа бројка да се зголеми, поради што реализираме презентации и обуки во основните и средни училишта од градот, на кои голем број млади, со цел проактивно дејствување и размислување, се приклучуваат на нашето извидничко семејство, додаде Ангеловски.

Би можело да ве интересира

Филипче: Сашко Митовски ја доби поддршката за кандидат од СДСМ за втор мандат

Горан Наумовски

Николовски: ВМРО-ДПМНЕ ја закочи државата и ја заборави Крива Паланка

(ВИДЕО) Го врза кучето и го влечеше од автомобилот – кривична за 23 годишник од Крива Паланка

А1он

Тројца насилници од тераса турнале познаник

Предметот за загадувањето на Крива Река ќе го преземе Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Спасовски: Градоначалникот на Крива Паланка шири паника и манипулира пред избори