(ВИДЕО) Тунтев: Изминативе 10 години имав сон да дојде премиер како Заев

Од:

Пратеникот Томислав Тунтев 16 минути од собраниската говорница му се обраќаше на премиерот Заев. Пратеникот од собраниската говорница, цитирајќи го Лутер Кинг, потенцираше дека во изминатите 10 години имал сон на власт да дојде премиер кој ќе смета дека е важен економскиот развој, по што кажа дека ја чувствува подготвеноста на владата да го реши прашањето поврзано со УНЕСКО-статусот на Охрид.

„Јас ќе го парафразирам Мартин Лутер Кинг. Во изминативе 10 години имав сон дека ќе дојде премиер кој ќе рече дека ни е важна развојната компонента, важен ни е економскиот развој. Не можеме да ги оставиме граѓаните без повисок стандард. Ја чувствувам вашата поготвеност, но и на оваа Влада, посебно со последниве мерки. Рековме дека како мнозинство нема да го злоупотребуваме овој институт со пратенички прашања за дополнители прашања“, рече пратеникот Томислав Тунтев.

Тој не постави дополнително прашање, но четирите минути предвидени за тоа ги искористи да му се обрати на премиерот Заев дека како локал патриот ќе ја следи работата на Владата и министерствата.

„Како охриѓанец, како локал патриот, како пратеник и координатор на пратеничка група, во име на сите граѓани, во име на Македонија ќе можам да ви ветам дека будно ќе ги следиме активностите на надлежните министерства и ќе реагираме“, додаде Тунтев.

На прашањата за УНЕСКО, премиерот Зоран Заев кажа дека претходно ги добил и истите ги одговори. Заев во предизборниот период велеше дека нема да дозволи да се злоупотребува говорницата, а пред два месеца, кога ВМРО-ДПМНЕ најави блокада на Собранието, потенцираше дека нема намера да одговара на прашања од владејачкото мнозинство.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги