Општина Крива Паланка објави јавен повик за финансиска поддршка на граѓански организации

Од:

Локалната самоуправа на Крива Паланка објави јавен повик за аплицирање за средства од буџетот на оштината наменети за финансирање проектни активности предвидени во Програмата за поддршка на здруженијата и фондации за 2018 година.

Средствата ќе се доделуваат на здруженија и фондации од областа на: подобрување на условите за живеење на социјално маргинализираните лица, лица со посебни потреби, активности од интерес на млади и спорт, култура, туризам, заштита на животна средина, здравство, информатичко општество, економски развој, родова еднаквост,образование и слични теми од локален интерес, се наведува во повикот.

Право на учество ќе имаат здруженијата и фондации со седиште во општина Крива Паланка, како матична општина каде физички ќе се реализираат проектите, а ги исполнуваат следниет пропишани критериуми: да се регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации, да дејствуваат на територијата на општина Крива Паланка, остваруваат програми и дејствуваат во рамките на Уставот и Законите на РМ, како и да имаат поднесено извештај за користење на средства од буџетот на општината доколку користеле средства претходната година.

Посебни критериуми кои треба да ги исполнуват субјектите кои учествуваат на овој повик се проектните активности да кореспондираат со стратешките – развојни документи на општина Крива Паланка, да се од суштинско значење за подигнување на квалитетот на живеењето на граѓаните во локалната заедница во соодветните области, доделените средства да се користат исклучително за намената за која се бараат и на начин определен во предлог проектот и проектните активности да се спроведат исклучиво на територијата на Крива Паланка.

Согласно повикот, предвидена е вкупна сума во висина од 800.000 денари , а секоеј од апликантите ќе може да добие средства во висина од 30.000 до 60.000 денари.

Предвидениот период за реализација на проектите/проектните активности е седум месеци од денот на потпишување на договорот за грантирање.

Потребната документација – пријава за финанска поддршка, образец за пријавување за проект/проектна активност и останато се достапни на веб страната на општина Крива Паланка www.krivapalanka.gov.mk, а може и да се подигнат од Одделението за јавни дејности, локален развој и информатичка технологија во општината.

Крајниот рок за поднесување на пријавите е 20 дена од денот на објавување, заклучно со 12 март, најдоцна до 15 часот. Пријавата со целокупната документација треба да се достави преку пошта или лично во архивата на Општина Крива Паланка. Оценувањето на доставените пријави ќе го врши комисија од три члена именувана од градоначалникот на Крива Паланка, а учесниците на повикот ќе бидат известени за резултатите најдоцна осум дена по истекот на крајниот рок за доставување на пријавите.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден рудар од Крива Паланка

Во несреќен случај загина маж од Крива Паланка

Жена со здравствени проблеми нападнала негувателка, а потоа предизвикала пожар и починала

А1он

Пуштен патот Крива Паланка -Деве Баир, Николовски најави повеќе нови проекти

Предраг Петровиќ

Наум Поцев го фати чесниот крст од водите на Крива Река

А1он

Селото Дренак во кривопаланечко десетина дена е отсечено поради снегот