Конкурсот за доделување на државната награда „Гоце Делчев“ до 15 март

Од:

Министерството за образование и наука соопшти дека конкурсот за додeлување на државната награда „Гоце Делчев“ ќе трае заклучно со 15 март 2018 година.

Со наградата „Гоце Делчев“, која се доделува за научна книга или дело објавено во 2017 година, информираат од МОН, се оддава општествено признание за особено значајно остварување во сите области од науката од интерес на Република Македонија.

Право на конкурирање има автор или група автори на дела што се одделно објавени, рецензирани и каталогизирани.

Предлози за доделување на наградата можат да поднесат: Македонската академија на науките и уметностите, универзитетите, научните установи, истражувачко – развојните единици во стопанството, научни и стручни здруженија, други здруженија на граѓани и граѓани. Предлозите за доделување на наградата и примероците од научните остварувања се доставуваат до Министерство за образование и наука – Одбор за доделување на наградата „Гоце Делчев”, ул.„Св. Kирил и Методиј” бр. 54, 1000 Скопје.

Повеќе информации можат да се обезбедат на следниот линк – http://mon.gov.mk/index.php/2014-07-23-14-03-24/vesti-i-nastani/2282-2018-15-2018

Би можело да ве интересира

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

МОН: Нов електронски дневник за работа на училиштата, по тестирањето ќе почне неговата официјална примена

Горан Наумовски

МОН со препорака за скратени часови и со насоки за заштита на учениците од високите температури

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови