Левица: Шилегов да ги разреши директорите-диктатори по училиштата

Од:

Денеска, во 13.30 часот, Левица ќе одржи прес пред Градот Скопје, по повод доставувањето писмо, во име на професорите од Средното училиште „Здравко Цветковски“, до градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Преку писмото од него ќе се побара да постапи согласно своите законски надлежности во врска со аферата на тендерските местенки во која главната улога ја имаат директорките на средните училишта „Арсениј Јовков“ и „Здравко Цветковски“. Воедно, на градоначалникот ќе му биде доставен и документот за тендерската местенка во случај тој, по службена должност, да не успеал да го обезбеди, соопштуваат од Левица.

„За време на претходната власт, во многу училишта, вклучително и во скопските, беа поставувани лица кои покорно ѝ служеа на власта, а за возврат власта им даваше одврзани раце да воспостават вистинска автократија над вработените во нивните училишта. И, во одредени случаи, да ги злоупотребуваат своите овластувања за остварување лична корист.

Наспроти очекувањата на професорите и пошироката јавност, Шилегов не ги разреши ваквите директори. Напротив, почна да ги штити и самиот тој, тврдејќи дека, ако ги разрешел, ќе бил ист како претходната власт. При тоа, докажувајќи дека не е различен од претходниот градоначалник токму бидејќи останува глув на многуте барања за смена на озлогласените скопски директори.

Во последната негова изјава на оваа тема, го прозва Наставничкиот пленум наместо да пишува писма, да достави докази за злоупотребите. Еве, професорите од „Здравко Цветковски“, преку Левица, ги доставуваат доказите! На што сега ќе се вади Шилегов во неговата одбрана на директорите на средните училишта поставени од ВМРО-ДПМНЕ?

Еден директор на училиште за кого има докази дека вршел непотистички зделки со цел лична корист или корист на своите блиски – има морална обврска да си поднесе оставка. Ако тоа не го направи, оној што има надлежност да го разреши, во случајот, Градоначалникот на Скопје, е должен така да постапи. Ако така не постапи, тоа ќе значи дека и самиот таквото поведение го дозволува и охрабрува“, велат од Левица.

Би можело да ве интересира

Скопје повторно меѓу петте најзагадени градови во светот

Левица: Нова дивоградба во Чаир узурпира државно земјиште

А1он

Пратениците од Левица поднесоа интерпелација за претседателката на Комисијата за социјална политика Даути за законот за бранители

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанчев: Нашиот левичарски нарав е таков – за сестра се умира

(ВИДЕО) Јовановска: На народот му врие, преку глава му е од овие политички препукувања

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија