ЦУК не учествувал во потрагата по планинарите бидејќи тие биле на грчката страна на Кајмакчалан

Од:

Центарот за управување со кризи формирал тимови за спасување на двајцата планинари Калина Велевска и Александар Миновски, но тие не биле вклучени во потрагата бидејќи чекале од грчките колеги да ги известат дали планинарите ја поминале граничната линија на врвот на Кајмакчалан и се наоѓаат на македонска територија, дознава „Макфакс“. Според информациите, проблем биле лошите временски услови, но и тоа што ЦУК не ја знаел рутата на движењето на планинарите. Иако со подготвени тимови, тие не дејствувале на терен, а тимот биле распуштен кога грчките служби потврдиле дека планинарите биле пронајдени.

„Макфакс“ до Центарот за управување со кризи испрати прашања со барање конкретни одговори за тоа во колку часот бил мобилизиран тимот на управата и колкумина биле вклучени во потрагата, дали тимот дејствувал на терен и какви мерки се преземи за пронаоѓање на сега починатите Калина и Александар, но тие не одговорија.

Од таму кусо информираат дека првата дојава за настанот ја добиле во 3.50 часот изутрината кога во битолскиот центар за управување со кризи пристигнала информација дека на планината Кајмакчалан, од грчка страна кај Лутраки, се изгубени две лица планинари на планинарското друштво „Трансферзалец“ од Скопје.

„Веднаш е стапено во контакт со МВР СВР Битола, Пограничната полиција, ДЗС Битола, кои веќе биле запознаени и подготвени да започнат потрага по изгубените лица“, велат од ЦУК.

К. Ландов

Би можело да ве интересира

Полицијата ги пронајде планинарите кои се изгубија во тетовско

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Македонски планинари го искачија Аконкагва, највисокиот врв во Јужна Америка

Евакуирани се планинарите кои останаа заглавени во Националниот парк Триглав

Трајно укината станицата над Богомила оти возот губел залет на угорнина: Жителите под Солунска глава и планинарите останаа без превоз

A1on

Стотина планинарки и планинари се искачија на Димев Врв на Пелистер

Ана Ололовска