За 30 отсто ќе се зголеми платата на шумските полицајци

Од:

За 30 отсто ќе се зголемат платите на шумските полицајци. Одлуката ќе се применува по првиот ребаланс на Буџетот за 2018 година, информираше денеска портпаролот на Владата Миле Бошњаковски.

На предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата вчера ја разгледала информација за унапредување на работничките права преку Колективен договор со што овластените службени лица во шумска полиција се стекнуваат со право на работа во смени, на ноќна работа и на празник.

– Ова значи дека со усвојувањето на оваа информација овластените службени лица во шумска полиција ќе имаат околу 30 отсто повисоки примања во текот на секој месец, со тоа што оваа мерка ќе биде имплементирана со првиот ребаланс на Буџетот во 2018 година, изјави Бошњаковски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито

СДСМ: Поткуп земаат дури и возачите на владата на Мицкоски