Силна поддршка од Германија за интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО

Од:

Силна поддршка од Германија за стратешките определби на Македонија за влез во ЕУ и НАТО доби македонскиот премиер Зоран Заев на денешната средба во Берлин со германската канцеларка Ангела Меркел.

– Добивме силна поддршка од германската страна за нашите стратешки определби, влез во ЕУ и НАТО. Нам ни останува да продолжиме со реформите и со решавање на спорот со Грција. Тоа се тешки прашања, но ние ќе најдеме решение, во кое ќе ги вклучиме и опозицијата и претседателот на државата, а ќе се прашаат и граѓаните, рече Заев.

Додаде дека на средбата е оценето оти Република Македонија 2017 година ја завршила како исклучително успешна приказна.

– Успеавме да покренеме процеси за решавање на долгогодишните недоразбирања со нашите соседи, рече Заев, алудирајќи на Договорот со добрососедство со Бугарија и обновените преговори со Грција.

Македонската Влата, истакна Заев, е решена да ги решава проблемите со соседите и да развива регионална соработка.

Тој ја покани канцеларката Меркел во текот на годинава да ја посети Македонија.

Германската канцеларка нагласи дека Германија го поддржува итнегрирањето на Македонија во ЕУ и НАТО, но оти во тој процес секоја земја се оценува индивидуално, во зависност од нејзините достигнувања и исполнувањето на критерумите.

За Меркел не е битен датумот за влез во Унијата, туку дали одредената земја ги исполнила критериумите.

Одговарајќи на новинарско прашање за тоа кога очекува земјите од Западен Балкан да станат членки, таа рече дека важни се реформите.

– Насочени сме кон исполнување на условите, во преден план не се датумите. Кога ќе биде постигната зрелост ќе има влез. Има услови, критериуми од ЕК, ако бидат исполнети одредена земја може да стане членка. Дали тоа ќе се случи побрзо или побавно зависи од спроведените реформи, нагласи Меркел.

Таа посочи дека Берлинскиот процес имал цел да ги интензивира контактите меѓу шесте земји од Западен Балкан, при што тука ја потенцираше во моментов улогата на Бугарија, која како актуелен претседавач со ЕУ дава придонес во тоа.

Го спомена самитот во мај во Софија со земјите од Западен Балкан, а потоа во Лондон ќе има средба на учесниците во Берлинскиот процес.

Како особено важни за регионот ги посочи проектите од сферата на транспортот и напомена оти такви иницијативи има во сите земји.

Одговарарајќи на новинарско прашање за евентуалното руско влијание врз аспирациите на Македонија за влез во ЕУ и НАТО, Заев рече дека Македонија нема друга алтернатива, но оти сака да има добри односи со сите земји.

– Ние сме мала земја, сакаме да градиме односи со сите земји, секако сакаме да ги подобриме нашите односи со Русија, но немаме друга алтернативна освен полнправно членство во НАТО и ЕУ, рече Заев.

Македонскиот премиер ја истакна поддршката од Германија и на економски план. Германија, посочи Заев, е прв трговски и меѓу најважните стратешки партери на Македонија. Билатерланата трговска размена годдишно иснесува 3,6 милијарди евра, а во Македонија работат 200 германски фирми кои отворија 20 илјади работни места. Заев ги покани германските комапании да продолжат да инвестираат во македонија, а во тоа, како што рече, ќе имаат силна поддршка од Владата.

Заев ја посочи и соработката во одбраната, потсетувајќи дека над 200 македонски офицери биле обучувани од германската армија, а мировниците на АРМ во мисијата во Авганистан се под германска команда.

Заев информира и дека се разговара за склучување договор за признавање на возачките дозволи.

Македонскиот премиер кој ја предводи владината делегација во чиј состав се и вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и шефот на дипломатијата Никола Димитров, попладнево во Берлин ќе има средба и со претседателот на Германија Франк Валтер Штајнмаер.

Би можело да ве интересира

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Левица: Трошокот за унгарски кредит Владата го префрла врз грбот на гараѓаните

Катерина Ѓуровски

Меџити: Нема логика за предвремени избори кога има стабилна влада