Се очкеува дека мексиканскиот спортски автомобил ќе има препознатлив изглед, што овој пат ќе го краси аеродинамичен body kit, што вклучува преден сплитер и задно крило.
Компанијата „Mastretta“ наводно се подготвува да го претстави својот годинешен модел
„MXT-R“ на самието Autosport International.
Горенаведените додатоци не звучат како некоја спектакуларна промена, но инженерите на „Mastretti“ биле одлучни да го оддржат имиџот на „MXT“ како спортски автомобил за секојдневна употреба.
За погонот најверојатно ќе биде задолжен 2.0-литарски, четирицилинрадски EcoBoost мотор од 285 KС. Како споредба, стандардниот „MXT“ e oпремен со 2.0-литарски, четирицилиндарски Duratec турбо мотор од 250 KС, што развива 339 Nm обртен момент.