ВМРО-ДПМНЕ: Судот и Јавното обвинителство ги кршат правата на притворените патриоти

Од:

„Судот и Јавното обвинителство ги кршат правата на притворените патриоти. Судот мора да ги исправи направените грешки.

Неправедно и нехумано е жалба за второто продолжување на мерката притвор, уредно доставена на 30-ти јануари, да се стави на расправа после повеќе од 20 дена, само 6 дена пред истекот на деведесетиот ден зад решетки.

Досегашните решенија за продолжување на притворот се идентични, без аргументирани образложенија, неиздржани и неточни.

Секој ден поминат во притвор на овие луѓе е тортура врз нив и нивните семејства. Пратеници, актери, интелектуалци, видни луѓе се јавно жигосани како терориристи се намерно држени во притвор во нечовечки и понижувачки услови се со цел нарушување на нивното здравје, интегритет и достоинство.

Република Македонија станува држава во која законите се само мртво слово на хартија.

СДСМ со својот пристисок врз судството ја гази демократијата и го деградира владеењето на правото.

Притворот во овој случај е замена за политички посакуваната казна се со цел на граѓаните да им се испрати порака дека секој што ќе се дрзне да протестира против оваа власт го чека истата судбина.

Судот мора да го запре овој политички прогон! Судот мора да покаже дека има сила да ги спроведува законите!

Судот мора најенергично да ги отфрли овие политички монтирани конструкции и конечно да почне да работи исклучиво по Устав и закон.

Македонија мора да го задржи својот пат кон ЕУ и НАТО со силни правосудни институции чија главна цел ќе биде почитување на правото и демократијата“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски

Стојаноски: СДСМ избега од дебата затоа што нема аргументи против финансискиот пакет