Иванов: Недозволиво е правото на самоопределување да биде оспорувано од која било друга држава

Од:

Деблокадата на интегративните процеси е клучна за долгорочна стабилност, безбедност и напредок на целиот регион. Ова го изјавил претседателот Ѓорге Иванов на средбата со претседателот Реџеп Тајип Ердоган во Анкара, соопшти прес-службата на Кабинетот на Иванов.

Пред неговиот турски колега, Иванов посочил дека е недозволиво во 21-от век, сувереното право на самоопределување на една држава, гарантирано со Повелбата на Обединетите Нации, да биде оспорувано од која било друга држава.

„Разликата околу името треба да се решава во рамките на ООН и во рамката дефинирана со Повелбата на Обединетите нации, резолуциите на Советот за безбедност на ОН, Времената спогодба и пресудата на Меѓународниот суд на правдата од 2011. Задирањето во прашања, како што е идентитетот, јазикот и Уставот на Република Македонија, не придонесува, туку напротив го отежнува процесот за изнаоѓање на решение. Ме радува фактот што Претседателот Ердоган и при оваа посета искажа целосно разбирање за нашите ставови по однос на оваа тема и стои на македонска страна“, вели Иванов.

За време на средбата, Иванов изразил очекувања за конструктивна поддршка, помош и отворено лобирање за членство на Република Македонија во Алијансата од страна на пријателите на Македонија, кои се земји членки на НАТО. Тој му заблагодарил на Ердоган за долгогодишната принципиелна и безрезервна поддршка и особено за начинот на кој Турција ја поддржува Македонија на патот кон полноправно членство во Алијансата.

„Поканата за членство ќе биде дополнителен поттик за националните реформски процеси и ќе претставува позитивен пример во регионот“, истакнал Иванов и изразил благодарност за принципиелниот став на Република Турција за решавање на билатералниот спор, кој Република Грција го има со Република Македонија, за уставното име.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драма кај Мармарис: Потона туристички брод со 148 патници, луѓето скокаа во морето

Горан Наумовски

Турската полиција со солзавец упадна во седиштето на опозицијата

А1он

Детали за пукањето во Турција – jа уби поранешната сопруга, пa следуваше крвав поход

А1он

(ВИДЕО) Најмалку четворица мртви и осум ранети во пукотници во Турција

А1он

Фидан: Израелскиот експанзионизам е клучниот безбедносен проблем во регионот

Турција го забрани пристапот до социјалните мрежи за деца под 15 години