Иванов-Јилдирим: Поканата за НАТО важен поттик за реформските процеси во земјата

Од:

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во рамки на официјалната посета на Република Турција денеска во Анкара оствари средба со претседателот на Владата на Република Турција, Бинали Јилдирим, и со претседателот на Големото национално собрание на Република Турција, Исмаил Караман.

Како што информираат од кабинетот на Иванов, на средбите биле разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу Република Македонија и Република Турција, при што било оценето дека двете земји негуваат традиционално пријателски односи, со интензивни контакти на високо и на највисоко ниво.

Во контекст на евро-атланските аспирации на Република Македонија, претседателот Иванов изразил благодарност за досегашната принципиелна поддршка од Република Турција за членство на Република Македонија во НАТО и изразил очекување таа да продолжи.

„Покана за членство на Македонија во НАТО ќе биде дополнителен поттик за реформските процеси во земјата и ќе создаде огромни придобивки за долгорочната стабилност и безбедност на регионот“, порачал претседателот Иванов.

На средбите биле разменети мислења и за можностите за економска соработка, при што било констатирано дека треба да се следи примерот на одличните политички односи и двете земји да се стремат кон натамошно интензивирање на трговската размена. Иванов изразил очекување за проширување на интересот на турските компании за инвестирање во Република Македонија.

Македонскиот претседател попладнево треба да оствари средба и со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драма во Анталија: 800 пожарникари се борат со пожари, наредена е евакуација

(ВИДЕО) Осуммина повредени во судир на бродови близу Истанбул

Горан Наумовски

Турската полиција за седум дена уапси 161 терорист

Обвинувања од Анкара – Америка е лицемерна во преговорите меѓу Израел и Хамас

Турција почна со производство на тенкот „Алтај“ со домашен мотор

А1он

Инфлуенсерка од БиХ ја разбесни турската јавноста, танцуваше околу столб со државното знаме

А1он