Политиката на Турција кон Сирија нема да подобри ништо, изјави сирискиот претседател Башар Асад во интервју за руската телевизија „Русија 24“.
Тоа се „илузии на некои луѓе, кои се сметаат за многу паметни“ додаде тој.
Турција е поранешен близок сојузник на Сирија, но сега е еден од главните критичари на репресиите на режимот во Дамаск.
Во интервјуто Асад ппризна дека од Турција и Либан илегално се увезува оружје во Сирија, но нема докази дека шверцот е извршен со поддршка на турските власти.