Самсунг претстави телефон со флексибилен екран

Од:

Јужнокорејската компанија Самсунг  претстави најнов мобилен телефон со флексибилен дисплеј.

Иако, компанијата нагласи дека претставените модели со Мајкрософт софтвер се само прототип, се очекува најновиот флексибилен екран да се најде на следните Самсунг модели.

Брајан Беркли, директорот на Самсунг Електорникс го претстави прототипот на Саемот на потрошувачка електорника во Лас Вегас. Станува збор за мобилен телефон со флексибилен екран со дебелина на лист хартија.

Екранот користи органски диоди кои емитуваат светлина ОЛЕД. Само тенок слој од овие хемикалии е потребен да се добие светлечки екран во боја. Оваа технологија веќе се користи кај Самсунг телефоните, иако екраните се изработени од стакло.

За да се добие флексибилен телефон, поставени се слоеви од хемикалијата преку тенка пластика наместо преку стакло.

Флексибилните екрани на Самсунг не може да се свиткаат во целост, но можат да се криват до одреден степен. Компанијата не откри кога телефонот ќе се најде во продажба.

Би можело да ве интересира

4iG ги поттикнува иновациите и растот како лидер на пазарот во мобилните телекомуникации

Горан Наумовски

На мобилен месечно зборуваме по 3,5 часа, на фиксен половина час

Ана Ололовска

A1 Македонија ќе ги доставува месечните сметки електронски до корисниците

Ана Ололовска

Вестагер: Нокиа и Ериксон да одговорат дали се за продажба

Предраг Петровиќ

Во првиот квартал 1,9 милиони претплатници во мобилната телефонија

Ана Ололовска

Во мобилната телефонија 1,969 милиони претплатници

Ана Ололовска