Димитров-Чаба: Kанадска поддршка на реформската агенда на Владата на Република Македонија

Од:

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров денес оствари прва средба со амбасадорот на Канада во Република Македонија, Кетлин Чаба, по нејзиното стапување на функцијата на крајот на јануари оваа година.

Посакувајќи успех во дипломатската мисија, министерот Димитров изрази очекување дека за време на нејзиниот мандат во Република Македонија, односите и соработката меѓу двете земји ќе бележат нагорен развоен тренд.

На средбата се разговараше и беше потврден заемниот интерес за унапредување на билатералната соработка во повеќе конкретни области, ставање значаен фокус на економската соработка во претстојниот период, како и натамошно продолжување на успешната мултилатерална соработка.

Амбасадорот Чаба ја пренесе канадската поддршка на реформската агенда на Владата на Република Македонија и ги поздрави надворешно-политичките активности кои земјата ги презеде во изминатиот период.

Канада ја очекува Република Македонија како 30-та земја членка на НАТО, тоа ќе биде значаен придонес кон стабилноста и безбедноста на Република Македонија, но и на целиот регион.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија