Компанијата на поранешната американска државна секретарка Медлин Олбрајт ја повлече понудата за купување на Поштата и телекомот на Косово (ПТК).
– Компанијата „Олбрајт капитал менаџмент“ (АЦМ) ја повлече понудата за приватизација на ПТК, со образложение дека постојат други проекти во светот каде сака да вложи пари, се истакнува во соопштението на косовското Министерство за економски развој.
Во соопштението се истакнува дека понудата е повлечена на осми јануари.
Американската АЦМ, во партнерство до Португалскиот Телеком, беше меѓу петте меѓународни компании и козорциуми, чии понуди за купување на удел во ПТК, косовската Влада ги одобри во април минатата година.
Косовската Влада се надева дека ќе заработи 300 милиони евра од продажбата на 75 отсто од акциите на ПТК.